4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул го совлада Евертон на „Гудисон Парк“ со 1:0 (видео)

Ливерпул го совлада Евертон на „Гудисон Парк“ со 1:0 (видео)

358449945858585211144059146004_w640

Ливерпул го совлада Евертон на „Гудисон Парк“ со 1:0, во последниот натпревар од 17.коло во Премиерлигата.

Мерсисајд дербито, 195-то во првенството, го реши Мане со голот во 94.минута. Ливерпул со оваа победа се врати на второто место на табелата со шест бодови помалку од лидерот Челзи.

Долгоочекуваното градско дерби ги разочара фудбалските фанови, бидејќи до голот на Мане двата тима немаа конкретна можност за постигнување погодок.

Клучниот момент се случи длабоко во судиското надополнување на времето, кога одбраната на Евертон му дозволи на Стариџ да упти ударо од 17 метри, топката заврши во дирекот, но се одби во поле точно на ногата на Мане кој ја врати во празната мрежа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП