2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТагува La Bomboniera, Карлито се збогуваше со Бока Јуниорс

Тагува La Bomboniera, Карлито се збогуваше со Бока Јуниорс

tevezo3

Kарлос Тевез го одигра својот последен меч за Бока Јуниорс. Против Колон на легендарната „La Bombiniera“, тој од навивачите се прости со гол и асистенција.

Победата на Бока Јуниорс над Колон (4:1) не ги направи среќни навивачите, крајот на мечот многумина го дочекаа со солзи во очите на култниот стадион, кои ги предизвика Карлос Тевез.

Популарниот Карлито го одигра последниот меч во дресот на Бока Јуниорс и за неверојатни 79 милиони евра две години ќе игра во Шангај. Овој тим го предводи Густаво Појет, а нови соиграчи ќе му бодат Демба Ба, Фреди Гуарин и Обафеми Мартинс.

Аргентинските медиуми пишуваат дека такво испраќање од стадионот не доживеал ниту најголемиот во аргентинската историја, Диeго Марадона.

Кариерата Тевез ја започна токму во Бока, во периодот 2001-2004 одигра 75 натпревари и постигна 26 голови. Потоа играше за Коринтијанс, Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Јувентус.

Минатата сезона го раскина договорот со Јувентус и реши да се врати редовите на саканиот клуб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП