9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПерин ќе добиe казна и од клубот поради инцидентот со Несторовски

Перин ќе добиe казна и од клубот поради инцидентот со Несторовски

perito33

Палермо со неверојатен пресврт славеше над Џенова 4:3, пресвртот го комплетираше Трајковски во 90.минута, а мечот го обележа и инцидентот кој домашниот голман Перин го предизвика на истекот на судиското надополнување.

Голманот на Џенова од неразбирливи причини го турна напаѓачот на Палермо, Несторовски, поради што доби црвен картон. Перин ќе биде казнет од Дисициплинската комисија при италијанската фудбалска федерација, но тоа нема да биде единствената казна со која ќе се соочи поради инцидентот кој го предизвика.

Казна за голманот најави и тренерот на Џенова Иван Јуриќ.

„Можам да разберам дека имаше тензии, но Перин е професионалец и направи сериозна грешка. Ќе биде казнет“, изјави тренерот на Џенова за Mediaset Premium.

Палермо во Џенова ја забележа само втората победа во сезоната, откако успеа во последните 25 минути да постигне три гола и негативата од 3:1 да ја претвори во победа од 3:4.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП