21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСпарси со победа му се заблагодарија на Данкан

Спарси со победа му се заблагодарија на Данкан

danki39

Кошаркарите на Сан Антонио трумфираа против Њу Орлеанс 113:100 во еден од седумте натпревари кои изминатата ноќ се одиграа во НБА лигата.

Натпреварот во Сан Антонио мина во знакот на Тим Данкан, чии дрес по завршувањето на мечот замина меѓу легендарните играчи на клубот. Данкан, еден од најдобрите крилни центри во историјата на НБА лигата, дресот на Спарси го носеше од 1997 се до завршувањето на минатата сезона кога реши да се пензионира.

dankan33333

Инаку Сан Антонио лесно се справи со тимот на Њу Орлеанс, до триумфот 113:100 тимот го предводеа Ламаркуз Олдриџ со 22 поени и седум скокови, односно Ману Џинобили со 17 поени.

Сан Антонио има скор 22 победи и пет порази и се наоѓа на второто место во лигата, веднаш зад Голден Стејт.

Бредли Бил блескаше против Клиперси, тој постигна 41 поен и му овозможи на Вашингтон да слави со 117:110.

На останатите натпревари: Далас го декласира Сакраменто 99:79, Бостон победи во Мајами 105:95, а Торонто со рутинска игра му нанесе тежок пораз на Орландо 109:79.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП