17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУмерен интензитетот на сообраќајот на патните правци

Умерен интензитетот на сообраќајот на патните правци

avtopat-obikolnica-soobrakajot

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива по суви коловози на пониските места и претежно влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП