2 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвропската титула повторно кај Норвежанките

Европската титула повторно кај Норвежанките

untitled88

Норвешка ја продолжи доминацијата во женскиот ракомет откако во финалето на Европското првенство ја совладаа Холандија 30:29 (15:15). На шампионатот кој в недела заврши во Шведска, Норвешка го освои седмиот златен медал на континеталните првенства. Бронзата ја освои Франција со победата над Данска 25:22

Мече достоен за едно финале одираа Норвешка и Холандија, победникот го реши искуството на Норвежанките. Холандија пружи отпор, многу поголем и посеилен од минатогодишното финале на Светското првенство и најави дека во годините кои следуваат ќе биде сериозен опонент на Норвешка.

Холанѓанките први создадоа значителна предност 9:13 во 22.минута, моменти кога блескаше голманката Вестер. Имаа Холанѓанките и три напади да ја зголемат предноста, кои поради технички грешки не ги реализираа и на Норвешка и овозможија до крајот на полувемето со серија 6:2 да обезбеди нерешено 15:15.

Израмнето започна и вториот дел се до 42.минута, кога во серија влезе норвешката голманка Гримзбо. Новежанките одбраните на својата голманка ги материјализираа и од 19:19 со „одлепија“ на 26:21, предност која се покаѓа како клучна за конечниот триумф.

Холандија се обиде во последните десет минути, стигна до гол негатива, но не и до целосен пресврт.

Нора Мерк ја предводеше Норвешка до титулата со 12 голови, додека на спортивната страна најефикасна беше Снелдер со шест голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП