15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчестер Сити го оддалечи Арсенал од борбата за титулата

Манчестер Сити го оддалечи Арсенал од борбата за титулата

3373048125856ccb73a366428690237_w640

Манчестер Сити, со пресврт во вториот дел, победи против Арсенал 2:1, во дерби мечот од 17.коло во Премиерлигата. Со оваа победа Сити се искачи на второто место на табелата, а Арсенал е сега на четвртата позиција.

Манчестер Сити извојува значајна, со која ја прекина серијата низата од два порази, се искачи на второто место со меч повеќе од Ливерпул и го оддалечи Арсенал од борбата за титулата.

Арсенал добро отвори на „Итихад“, но немаше сили во ист ритам да го одигра целиот натпревар. Арсен Венгер повоторно ќ ги полни страниците на англиските медиуми, бидејќи со години наназад неговиот тим борбата за титулата ја губи во месец декември.

Тио Волкот го отвори резултатот во петтата минута, по асистенцијата на Алексис Санчез. До крајот на првиот дел Стерлинг и Де Брујне промашија изгледни шанси за Сити, а Волкот не успеа да го удвои водството на Арсенал.

Сити израмни од сомнителна позиција по само две минути игра во вториот дел. Силва го проигра Сане, кој според снимката беше во недозволена позиција, помошникот не реагираше, а младиот Германец рутинирано го совлада Чех.

Пресвртот Сити го комплетираше во 70.минута кога Стерлинг успеа да реализира еден контранапад за конечни 2:1.

Челзи е лидер на табелата со 43 бода, шест повеќе од сити и девет од Ливерпул кој има меч помалку и Арсенал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП