17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМертенс со четири гола го декласира Торино (видео)

Мертенс со четири гола го декласира Торино (видео)

2984662855856b4193b1d8489548251_w640

Дрис Мертенс е играчот кој го обележа 17.коло во италијанската Серија А. Белгиецот постигна четири гола во триумфот на Наполи над Торино 5:3.

Мертенс само го победи Торино и му овозможи на Наполи да го мине Милан на третата позиција на табелата. Крилиниот напаѓач постигна хет трик во периодот од 13. до 22.минута за убедлива предност 3:0.

Торино но не успеа да ја стигне предноста на противникот. Младата ѕвезда на италијанскиот фудбал Белоти намали на 3:1, но Романецот Киричеш ја врати предноста од три гола за Наполи.

Во последните 12 минути беа постигнати уште три гола. Росетини намали на 4:2, Мертенс со својот четврти гл зголеми на 5:2, а конечниот резултат го постави Фалке од пенал.

Инаку Мертен во една недел, на две средби, постигна седум голови, откако запиша хет трик во минатото коло против Каљари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП