18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКарпош Соколи ја декласираше Крка (83-56)

Карпош Соколи ја декласираше Крка (83-56)

karpos-696x522

Кошаркарите на Карпош Соколи ја забележаа четвртата победа во АБА лигата. Соколите во пладневниот термин, во неделата, ја декласираа Крка 83-56 (25-16, 15-10, 24-13, 19-17).

Тимот на Драган Николиќ определбата за триумф ја покажа од самиот почеток, девет поени предност имаа по првата четвртина, а 14 по првото полувреме. На истекот на третата четвртина разликата изнесуваше 25, а максималната предност која Соколите ја имаа на овој меч ја отслика и конечниот резултат.

Лабовиќ со 24 и Вркиќ со 19 поени беа најефикасни во составот на Карпош Соколи.

Со оваа победа Карпош Соколи според учинокот, четири победи и 10 порази, се израмни со Морнар, ФМП, МЗТ и Мега Лекс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП