26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо и судијата му ја донесоа светската титула на Реал (видео)

Роналдо и судијата му ја донесоа светската титула на Реал (видео)

real-kashima-696x381

Фудбалерите на Реал Мадрид, потешко од прогнозите, ја освоија титулата на клупскиот Мундијал. Реал во финалето кое се одигра во Јокохама ја совлада Кашима дури по дополнителните 30 минути со 4:2, мечот во регуларниот дал заврши 2:2.

Реал во Јокохама имаше рано водство со голот на Бензема, потоа играчите на Кашима преку Шибасаки во 44. и 52.минута направија целосен пресврт, а на 2:2 израми Роналдо од пенал во 60.минута.

По израмнувачкиот гол Реал се обиде да го реши прашањето на победникот, но одбраната на Кашима ги одби нападите. Последните десет минути им припаднаа на јапонските играчи, кои во периодот од 87. до 94.минута имаа три чисти шанси за победа, од кои најсериозна беше шансата на Едно во 94.минута.

Во финишот веројатно се случи клучниот момент на натпреварот кога судијата Јани Сикваси го штети тимот на Кашима. Имено, во 90.минута Серхио Рамос со фаул спречи контранапад на Кашима, а судијата иако се фати за џебот во последен момент се премисли и не му го покажа на капитенот на Реал вториот жолт картон.

Во првото продолжение Роналдо постигна два гола во 98. и 104.минута и ги реши дилемите околу победникот. Португалецот иако одигра исклучително лош натпревар успеа да запише хет трик.

Третото место на клупскиот Мундијал го освои Атлетико Насионал. Екипата од Колумбија по изведувањето на пенали славеше над Клуб Америка, откако во 120 минути беше 2:2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП