23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГундоган поради повреда ја заврши сезоната

Гундоган поради повреда ја заврши сезоната

gundogan

Германскиот репрезентативец Илкај Гундоган поради повреда на предните вкрстени лигаменти на коленото ја заврши сезоната, објави неговиот клуб Манчестер Сити.

Гундоган се повреди на натпреварот со Вотфорд, одигран во средата, кој Сити го доби со 3:0.

Германскиот интернационалец го повредил истото колено со кое имаше проблеми во финишот на минатата сезона, поради што го пропушти Европското првенство.

Гундоган е еден од најмалерозните фудбалери, бидејќи поради тешка повреда го пропушти и Светското првенство во 2014 година кое заврши со триумф на Германија.

Гундоган е првиот фудбалер кој потпиша договор со Сити во ерата на Пеп Гвардиола, а во Манчестер пристигна од Дортмунд за 20 милиони фунти.

Од почетокот на сезоната тој постигна пет гола на 16 натпревари во дресот на Сити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП