26 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧервар од списокот отпиша уште четворица играчи

Червар од списокот отпиша уште четворица играчи

spisok

Македонскиот селектор Лино Червар го скрати списокот на ракометари со кои ќе ги започне подготовките за Светското првенство во Франција. Од првичниот список селекторот отпиша уште четворица играчи.

Голманот Никола Митревски, потоа Давор Палевски, Никола Костески и Горан Крстевски се играчите кои Червар ги избриша од првиот список и тие сигурно нема да патуваат во Франција.

Изненадување е изоставувањето на Митревски, која ја доживеа судбината на Борко Ристовски чие име не се најде уште на првиот список.

Репрезентативците првата фаза на подготовките ќе ја спроведат во Маврово, каде ќе заминат на 20. декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП