5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА не знае ништо за Балканската лига

УЕФА не знае ништо за Балканската лига

sfrj-fudbal

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, ги демантира медиумските пишувања дека европската куќа на фудбалот ќе учествува во формирањето на регионална лига на просторите на поранешна СФРЈ.

Изминатите медиуми медиумите на Балканот пишуваа за формирање на регионална лига, која финансиски би била поддржана од УЕФА, односно дека секоја екипа која ќе настапува во лигата ќе добие по 800.000 евра.

Исто така информациите беа дека лигата ќе стартува во 2018 година, дека ќе учествуваат 24 екипи, а дека шампионот ќе избори директен пласман во Лигата на шампионите.

„Нема никаква вистина во тврдењата дека т.н. Балканска лига наскоро ќе биде формирана. Не е донесена никаква одлука од било кое релевантно тело на УЕФА за формирање на таква лига“, изјавил Чеферин.

Тој дополнил дека домашните првенства се темелите на европскиот фудбал, што е клучна работа во формирањето на било какво регионално натпреварување.

„Иако транснационални првенства беа спомнати неколку пати, никаков конкретен предлог не е доставен. Секоја идеа или предлог ќе се разгледува во УЕФА само доколку е поднесен од страна на националните сојузи“, порачал Чеферин за време на промоцијата на ЕУРО 2020 во Билбао.

Пред неколку денови беше најавено дека ќе биде организирано регионално натпреварување за младинските категории и за женските клубови, а Васко Дојчиновски истакна дека од 2018 година ќе започне регионалната лига чии буџет ќе го финансира УЕФА и ќе изнесува 16 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП