8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХадар поднесе оставка, Макаби остана без тренер

Хадар поднесе оставка, Макаби остана без тренер

ramihadar2

Тренерот на Макаби Рами Хадар по дебаклот во Белград, во рамките на Евролигата, поднесе оставка на функцијата. Хадар пред два месеца беше именуван за тренер на „израелската гордост“, кога го наследи Ерез Еделштајн.

Хадар по преземањето на функцијата забележа три евролигашки победи, две од нив против фаворитите Фенербахче и Олимпијакос.

Но, по серијата од три победи, Макаби забележа четири порази (три во Евролигата и еден во домашното првенство), од кои последниот во Белград беше катастрофален 83:58.

„Заклучив дека на тимот не можам да му ја донесам потребната промена. Тешко ја донесов одлуката, но јас сум тој кој е одговорен за резултатите. Имав максимална поддршка од челниците и сопственикот на клубот“, рекол Хадар.

Макаби во Евролигата има скор од пет победи и седум порази и се наоѓа на делба од деветтата до единаесеттата позиција, заедно со Црвена ѕвезда и Барселона.

Макаби во наредното коло ќе го пречека актуелнот европски првак ЦСКА Москва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП