18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО100 милиони евра годишно му се понудени на Меси!

100 милиони евра годишно му се понудени на Меси!

messi-neymar

Кинескиот фудбалски суперлигаш Хебеи, како што пренесува шпанскиот весник AS, ќе се обиде со неверојатна годишна плата да го убеди Лионел Меси да се пресели во Кина.

Според истиот извор Хебеи е подготвен да му исплаќа на Аргентинецот сума од 100 милиони евра годишно, односно 500 милиони евра за пет години, доколку Меси пристигне во овој клуб.

Лионел Меси е член на Барселона од својата 13-та година, тој е еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, а со клубот има договор до 2018 година.

Шпанските медиуми шпекулираат дека тој одбил да потпише нов договор бидејќи ќе побарал нов предизвик во кариерата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП