7 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА: Наместен натпреварот Нови Пазар-Спартак

УЕФА: Наместен натпреварот Нови Пазар-Спартак

np-spartak

Европската фудбалска унија (УЕФА) го информирала Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) дека натпреварот Нови Пазар-Спартак бил наместен. ФСС, како што објави „Спортски журнал“, веднаш ја започнал истрагата за да утврди што се случувало на овој натпревар.

Дуелот Нови Пазар-Спартак завршил со победа на гостите 2:4, а првите сомнежи дека работите не се „чисти“ се појавиле по завршувањето кога неколкумина играчи на Нови Пазар се пофалиле со тикети од обложувалници каде се обложиле дека нивниот тим ќе загуби.

Претседателот на Спартак, Драган Симовиќ, негирал поврзаност на неговите играчи со евентуалните нерегуларности, додека од Нови Пазар никој не бил подготвен да даде изјава.

Инаку, претседателот на ФСС, Славиша Кокеза, најави дека за сите екипи за кои се докаже дека местеле натпревари ќе бидат жестоко казнети, а Дисциплинската комисија при ФСС веќе отворило истрага за шест натпревари во понискиот ранг на натпреварување во Србија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП