22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Победи на ГС, Милвоки, СА, Денвер, Њу Орлеанс

НБА: Победи на ГС, Милвоки, СА, Денвер, Њу Орлеанс

gstate39943

Пет натпревари се одиграа во НБА лигата изминатата ноќ, на кои победи забележаа Голден Стејт, Сан Антонио, Денвер, Милвоки и Њу Орлеанс.

Голден Стејт го победи Њујорк 103:90, за 24-та победа и прво место во лигата. Тимската игра беше клуч за триумф на Голден Стејт. Првите 36 поени домаќинот ги постигна од 36 асистенции, а мечот Голден Стејт го заврши со 41 асистенција.

Клеј Томпсон го предводеше тимот со 25 поени, Кевин Дурент имаше учинок од 15 поени, 14 скокови и осум асистенции, а Стеф Кари постигна само осум поени (3/14 од поле), на кои придодаде 10 скока и осум асистенции.

Сан Антонио победи во Феникс 107:92, а до триумфот тимот го предводеше најдобриот играч Каваи Ленард со 18 поени и 10 скокови, ист број на поени и скок помалку имаше Пау Гасол.

Сан Антонио има скор од 21 победа и пет порази.

Јанис Адетокумпо со 30 поени и 14 скокови беше најзаслужниот за триумфот на Милвоки над Чикаго 108:97. Џабари Паркер постигна 28 поени, додека кај Чикаго Џими Батлер постигна 21, а Двејн Вејд 20 поени.

Њу Орлеанс во возбудлив меч ја порази Индијана 102:95. Последната четвртина домаќинот ја доби со 31:21. Кај победникот се истакна Ентони Дејвис со 35 поени и 16 скокови.

Денвер во најефикасниот натпревар славеше против Портланд 132:120. Данило Галинари уфрли 27 поени, а на спортивната страна Демијам Лилард постигна 40 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП