5 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГвардиола го посакува Коке во своите редови

Гвардиола го посакува Коке во своите редови

FC Barcelona v Club Atletico de Madrid - La Liga

Резултатите на Манчестер Сити не се на нивото на кое очекуваше дека ќе бидат нивниот менаџер Пеп Гвардиола. Концептот на шпанскиот тренер покажува многу слабости во играта на Сити особено во одбраната и средниот ред. Гвардиола панично е во потрага по засилувања, а високо на листата на потенцијални засилувања котира играчот на Атлетико Мадрид, Коке.

Шпанските и англиските медиуми шпекулираат дека Гвардиола го посочил 24-годишниот фудбалер на Атлетико, Коке, како фудбалер кој може да ги реши проблемите кои Сити ги има во средниот ред.

Инаку проблемите на Гвардиола се зголемија со повредата на Илкај Гундоган за кого според некои прогнози оваа сезона е завршена.

Трансферот на Коке нема да биде лесен за реализација дури и за финансиски моќен клуб каков што е Манчестер Сити. Откупната клаузула која во договорот ја има шпанскиот репрезентативец изнесува 150 милиони евра.

Според медиумите во Шпанија и Англија, Атлетико и да се согласи да го продаде Коке, кој со Гризман е највлијателниот играч во тимот, тоа нема да биде за сума помала од 100 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП