
Црвена ѕвезда го декласира Макаби, Дарушафака го порази Реал, Басконија во неизвесна завршница славеше кај Уникс, Бамберг го победи Ефес, а Олимпијакос славеше во Каунас кај Жалгирис во првите мечеви од 12.коло во Евролигата.


Црвена ѕвезда го декласира Макаби, Дарушафака го порази Реал, Басконија во неизвесна завршница славеше кај Уникс, Бамберг го победи Ефес, а Олимпијакос славеше во Каунас кај Жалгирис во првите мечеви од 12.коло во Евролигата.
Белградска Црвена ѕвезда го декласира Макаби 83:58 за најубедливата евролигашка победа оваа сезона. Со исклучок на првите пет минути домашните кошаркари доминираа во натпреварот, пред се во одбраната. Црвена ѕвезда во еден момент имаше предност и од 31 поен.
Раритет на овој меч е дека Црвена ѕвезда направи само 12 прекршоци и дека Макаби не изведе ниту едно слободно фрлање.
Симоновиќ со 14 поени предводеше група од петмина играчи на белградскиот тим кои постигнаа двоцифрен број на поени.
Двата тима имаат скор 5/7 по 12 одиграни натпревари.
Значајна победа против десеткуваниот Реал 91:68 забележа Дарушафака. Турскиот тим со серијата 13:0 во финишот на втората и почетокот на последната четвртина ја најави победата. во еден момент Дарушафака имаше предност од 22 поени, а Реал разликата ја намали на 13 со серијата 0:6 во последните 40 секунди.
Блескаше Американецот Вонамејкер со 27 поени, додека Реал во чии редови ги немаше Љуљ, Рендолф и Томпкинс го предводеше ветеранот Рејес со 16 кошеви.
Во еден од најдраматичните натпревари сезонава Уникс загуби од Басконија 91:92. При водство на Уникс 88:87 Ларкин погоди тројка на 10 секунди до крајот, но со иста мерка возврати Ленгфорд за 91:90. Потоа фаулиран беше Шенгелија на нецели две секундо до истекот на времето. Грузиецот беше прецизен за триумф на Басконија.
Ленгфорд со 28 и Колом со 23 кошеви беа најефикасни кај Уникс, додека Басконија ја предводеа Ларкин со 22 и Шенгелија со 19 поени.
Олимпијакос со тимска игра славеше во Каунас кај Жалгирис 88:75, а Бамберг го порази Анадолу Ефес 91:83.