6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСЕХА: Горење го порази Металург

СЕХА: Горење го порази Металург

met-696x463

Горење го порази Металург 34:28 во СЕХА лигата. За македонскиот вицепрвак поразот во Велење беше деветти во регионалната лига.

Металург играше и држеше приклучок против Горење до 47.минута, домаќинот најчесто имаше предност од два гола разлика, но на 13 минути до крајот направи предност 28:23 со која и го реши победникот.

Горење на пет минути ја достигна максималната предност од седум голови 33:26, а до крајот Металург успеа да надомести само еден гол од таа негатива.

И на овој меч тренерот Лино Червар ја форсираше играта во нападот со седум играчи, без голман, која во најголем дел од мечот му овозможи да држи приклучок со ривалот, но грешките во последната третина од мечот го однесе Металург во уште еден пораз, по кој остана претпоследен на табелата.

Обрадовиќ со седум гола, односно Палевски и Пешевски со по пет го предводеа Металург, додека Жвижеј со осум беше најефикасен кај Горење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП