18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал во финалето на клупскиот Мундијал (видео)

Реал во финалето на клупскиот Мундијал (видео)

184434758558528c0ee76c5612072057_w640

Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во финалето на Светското клупско првенство, откако во полуфиналето, славеа против Клуб Америка со 2:0 (1:0).

Европскиот шампион Реал, со голови во финишот на полувремињата, успешно го мина полуфиналниот меч со шампионот на Северна и Средна Америка и Карибите, Клуб Америка од Мексико.

Мексиканците пружија солиден отпор, но не успеаја да му се заканат на европскиот првак. Карим Бензема го постигна првиот гол во втората минута од судиското надополнување на времето во првиот дел, а конечните 2:0 ги постави Кристијано Роналдо во 93.минута.

Претходно финале избори Кашима со победата над јужноамрикаснкиот шампион Атлетико Насионал 3:0.

Финалето Кашима-Реал Мадрид ќе се одигра в недела на стадионот во Јокохама, со почеток во 11:30 часот според македонско време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП