27 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНовиот дрес на Барса копија на дресовите на ПСЖ, Сити, Рома

Новиот дрес на Барса копија на дресовите на ПСЖ, Сити, Рома

barsa-dres33

На интернет се појави првата фотографија на новиот дрес на Барселона, кој играчите на освојувачот на двојната круна во Шпанија, ќе го носат наредната сезона.

Првата гарнитура е во традиционалните бои на Барселона, со тоа што основната сина боја е нешто потемна и потсетува на бојата која на своите дресови ја има ПСЖ. Оваа гарнитура има повеќе вертикални црвени линии, но за разлика од трандиционалните, тие не се со еднакви димензии.

Производителот на дресот комапнијата Nike изненади и со гостинските варијанти на дресовите. Втората гарнитура, според бојата, потсетува на дресовите на Манчестер Сити, а третата верзија потсетува на дресовите на Рома.

Инаку на дресовите од наредната сезона ќе стои и името на новиот спонзор Rakuten, додека името на спонзорт Beko се наоѓа на левиот ракав.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП