2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei P9 дебитира на македонскиот пазар во сина боја

Huawei P9 дебитира на македонскиот пазар во сина боја

plav-hu-01

Првиот паметен телефон во светот, ко-развиен во соработка со легендарниот бренд – Leica – Huawei P9 сега е достапен и на македонскиот пазар во уникатна сина боја. Топ моделот на Huawei за 2016 пристигнува со стилски нов изглед, инспирирајќи ги љубителите на убави и елегантни бои.

Новата сина верзија е достапна и на македонскиот пазар од декември, заедно со полнач од повисока класа, што овозможува побрзо полнење на батеријата до 30% (за 30 минути добивате дури до 50% наполнет уред), во споредба со претходната полнач.

plav-hu-03

Клучот за одлични слики, снимени со P9, лежи во дизајнот на камерата на два објективи, кои целосно ги откриваат можностите на оптичките леќи Leica, признати за нивната прецизност и внимание на деталите. И двете задни камери на P9 работат синхронизирано, со цел да им овозможат на потрошувачите да креираат слики со неверојатни детали, интензитет и боја. Huawei P9 се состои од голем број на авангардни технички компоненти: најбрз окта-core процесор HiSilicon Кирин 955, 3 GB RAM + 32 GB ROM за складирање на оперативниот систем и мултимедијални датотеки. Доколку е потребно, капацитетот на меморијата може да се прошири со microSD картички.

plav-hu-04

Предната страна на P9 се издвојува со оптимална големина на екран од 5,2 “. Екранот е заштитен со најновото и најотпорно на оштетувања стакло Corning Gorilla 4. Личните податоци се заштитени од најбрзиот и најмодерен скенер за отпечатоци. Батеријата на Huawei P9 е со 3000 mAh, што е доволно да издржи 1,5-2 дена помеѓу две полнења.

“Европските потрошувачи на смарт телефони за 20016-17 од Европската асоцијација за обработка на слика и звук е повторно тука и сега во една поинаква, привлечна боја. Ние сме среќни што можеме да ви ја понудиме сината боја како алтернатива за други класични бои и сигурни сме дека ќе предизвика голем успех меѓу македонските потрошувачи “- изјави Џеферсон Жанг, директор на одделот за Потрошувачки уреди за Huawei Бугарија и Македонија.

plav-hu-02

Дури и во една нова сина боја, Huawei P9 Blue е сосема соодветен како за мажите така и за жените, за кои е важно во своите раце да имаат успешна комбинација на неверојатно брз уред со стилски и модерен изглед. Уредот е достапен за потрошувачите во продавниците на мобилни оператори, како и во големите синџири на маркети за технологија.

plav-hu-05

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП