15 мај, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 15.12.2016

Дневен хороскоп 15.12.2016

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денеска многу добро ќе комуницирате и ќе се снаоѓате во секојдневните обврски. Односите со претпоставените ќе ви бидат напнати па најдобро би било да избегнувате контакти, и ако често ќе бидете повикани. Не реагирајте на секоја провокација. Кавгите најповеќе можат да ве погодат вас.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Борбата за престиж ќе биде крунисана со успех. Бидејќи среќата ќе ве прати во секој поглед, па тогаш што чекате искористете ја шансата, но обидете се да се препуштите и на убавите страни на животот. Партнерот ќе се обиде да ве разбере, но некако тешко ќе му оди тоа.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Непотребно бурно ќе реагирате на нешто што ќе ви го каже некој близок. Не коментирајте веднаш, оставете си малку време за размислување. Денес нема да ви се работи, па ќе најдете начи да ги избегнете работните обврски. Во љубовта ситуацијата е многу поволна.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Би можело да дојде до некои помали расправии во семејството, но вие интуитивно ќе знаете како да реагирате на вистинскиот начин. Што се однесува до емотивниот живот во фокусот ќе бидат вашиот љубовник, партнер или близок соработник. Пред очите на јавноста однесувајте се дипломатски.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе се занимавате со конкретни работи, заработка, имот, купување или продавање. Иако работното темпо ќе ве исцрпува сепак ве води кон успеси. Ако сте во врска покажете воља да ги зачувате солидните односи. Работната оптеретеност многу делува врз љубовниот живот, па обидете се да ја намалите напнатоста.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Бидејќи имате обичај претерано да се исцрпувате, нервно и енергетски, можете да имате големи проблеми. Успехот е пред вас само треба да бидете трпеливи и да почекате. Размислете добро дали вреди да се нервирате бидејќи со леснотија ќе успеете да ги завршите сите работи, па дури и да добиете финансиска добивка.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Присутна е потребата за дружење, но доколку не направите селекција ќе се појави нервоза и чувство дека на извесен начин сте злоупотребени. Морате еднаш да расчистите што всушност сакате, преиспитајте ги пријателите бидејќи на многу на кои им посветувате внимание навистина и заслужуваат.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

На работа ве очекува прилично комплицирана ситуација, затоа што не сте способни да се концентрирате, работите пристигнуваат или отпаѓаат, а вие не сте во состојба да се снајдете во таа гужва. Во љубовта постои можност да бидете фатени во лага, а тоа за вашиот партнер ќе биде непростлива грешка.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Од моменталната ситуација многу ќе очекувате. Имате потреба да спроведeте коренита промена во вашиот начин на живот. Дали ќе се обидете со промена на работата или можеби со посериозни планови околу брак сето тоа е индивидуално. Она што е заедничко за сите е подобрување на приликите, не само емотивни туку и финансиски.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Не сте сигурни дали сакате авантура или некој друг вид врска. Малку сте збунети, но вашите емоции се разбудени. Добро се аспектирани работите во кои доаѓа до израз вашата креативност. Уживајте во работата.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ова е ден на вистински предизвици. Постои можност од промена на работата или унапредување. Послушајте ги советите на ваш пријател во кој имате голема доверба. Емотивниот живот ви носи изненадувања, во вашиот живот ќе влезе личност која целосно ќе ве разниша. Ве очекува вистинска романса.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Многу ви годи тимска работа, но под услов вие да бидете главни. Ве очекува некое патување. Со задоволство ќе прифатите таква понуда, бидејќи патувањата просто ги обожавате. Иако не изгледате како некој кој лесно може да се излаже – можете да станете нечија жртва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП