11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарките на Данска преку Романија до полуфинале на ЕП

Ракометарките на Данска преку Романија до полуфинале на ЕП

danska-696x544

Ракометарките на Данска во директен дуел ја совладаа Романија 21:17 и изборија пласман во полуфиналето на Европското првенство. Данска е втора во Групата 2, зад Норвешка, и за пласман во финалето ќе игра против Холандија.

Данска успеа да ја запре Кристина Неагу со што си го отвори патот до полуфиналето. Најдобрата романска ракометарка, која ја предводи листата на стрелци, постигна само три гола со реализација од 23 отсто (3/13).

Ане Мете Хансен ја предводеше Данска со девет голови.

Во оваа група претходно Русија и Унгарија ремизираа 26:26, што значи дека Русинките имаат четири бода, а Унгарките го освоија првиот бод.

Во последниот меч кој нема резултатско значење играат Норвешка и Чешка, бидејќи Норвежaнките веќе го освоија првото место во Групата 2.

Во Групата 1, Германија славеше над Шведска 28:22, а Холандија ја победи Шпанија 29:24.

Во последниот меч играат Србија и Франција. Французинките со победа ќе го освојат второто место на табелата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП