9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Делије“ поради Регионалната лига прекинаа натпревар

„Делије“ поради Регионалната лига прекинаа натпревар

delije

Навивачките групи од просторите на поранешна Југославија не сакаат клубовите за кои тие навиваат да играат во најавената регионална лига, која според непотврдени информации треба да стартува во 2018 година.

Навивачите на Партизан од Белград, Динамо од Загреб, Хајдук, Ријека, Железничар од Сараево, Олимпија од Љубљана го кажаа својот став дека се противат на таквата лига, а во средата навивачката група на Црвена ѕвезда, позната под името „Делије“ незадоволството го изразија прекинувајќи го за момент натпреварот помеѓу Радник и Црвена ѕвезда во српското првенство.

„И да ми понудат милиони, билиони, не би сакал да те играм Балканска лиго… Да живее Србија“, била пораката на навивачите кои потоа започнале да фрлаат пиротехника на теренот, поради што натпреварот бил во прекин околу пет минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП