26 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКасаи досуди пенал со помош на видео снимка, Кашима во финалето

Касаи досуди пенал со помош на видео снимка, Кашима во финалето

kasai33000

Момент кој ќе влезе во историјата на фудбалот се случи во средата во Јапонија на Светското клупско првенство, каде унгарскиот судија Виктор Касаи, со помош на видео технологијата досуди пенал за екипата на Кашима.

„Историјата е испишана во Јапонија“, објави ФИФА откако Кашима постигна гол од пенал, досуден по прегледување на видео судијата (VAR).

По една спорна ситуација Касаи дојде до четвртиот судија Дамир Скомина, кој му ја пушти снимката од спорната ситуација, а по прегледувањето на истата тој досуди пенал.

Видео судијата функционира на тој начин што случувањата на теренот се снимаат од 23 агли, а седуммина ги следат снимките, кои го известуваат главниот судија доколку треба да ја погледне спорната ситуација која може да влијае на резултатот.

Инаку кога станува збор за самиот натпревар Кашима против Атлетико Насионал славеше со 3:0 и во финалето ќе игра против победникот од второто полуфинале помеѓу Реал Мадрид и Клуб Америка.

Кашима поведе од пеналот досуден во 33.минута,а реализатор беше Дио. Победата Кашима ја обезбеди во финишот, со головите на Ендо и Сузуки постигнати во 83. и 85.минута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП