21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлегри не се откажува од Матиќ

Алегри не се откажува од Матиќ

63387675458512b472c7f1660296415_w640

Тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри го обнови интересот за фудбалерот на Челзи Немања Матиќ, пишува Tuttosport. Според овој извор, Алегри, сметал дека Матиќ му е неопходен за напад на трофејот во Лигата на шампионите.

Српскиот репрезентативец со евентуалниот трансфер би имал право да настапува во Лигата на шампионите бидејќи Челзи оваа сезона не игра во европските купови. Сепак и Tuttosport потенцира дека во целата работа се прашува и менаџерот на „сините“, Антонио Конте, во чија концепција Матиќ е еден од клучните играчи.

Јувентус во јануарскиот преоден рок ќе мора да донесе барем еден играч во средниот ред бидејќи Марио Лемина и Квадво Асамоа ќе бидат со своите репрезентации на Купот на Африка.

Иако трансферот на Аксел Витсел од Зенит е речиси завршена работа, Алегри смета дека му недостасува играч со карактерситики какви што поседува Србинот.

Јувентус во осминафиналето во Лигата на шампионите ќе игра против Порто, а термините се 22.февруари и 14.март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП