5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлонсо потврди дека посакува титула со Мекларен

Алонсо потврди дека посакува титула со Мекларен

fernando-alonso-mclaren-honda

Возачот на Мекларен Фернандо Алонсо ги отфрлил шпекулациите за траснфер во Мерцедес. Поранешниот двоен светски првак е желба на челниците на Мерцедес, откако Нико Розберг по освојувањето на титулата реши да ја заврши кариерата.

„Верувам во овој проект, на кој целосно му се посветитв. Сакам да станам светски првак со Мекларен Хонда. Тое е мојата единствена цел“, рекол Алонсо.

Двократниот светски првак во Формула 1 (2005, 2006) со Рено, минатата сезона ја заврши на десеттата позиција кај возачите со 54 бодови. Најдобар пласман на Алонсо изминатата сезона му беше петтата позиција.

Наредната сезона, по повлекувањето на Џенсон Батон, тимски колега на Алонсо ќе му биде 24-годишниот Белгиец Стофел Вандом.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП