19 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНов кинески трансфер рекорд! Оскар доаѓа во Шангај за 62 милиони евра

Нов кинески трансфер рекорд! Оскар доаѓа во Шангај за 62 милиони евра

oscar-chelsea-tran

Фудбалскиот клуб Шангај ќе го сруши кинескиот трансфер рекорд откако реши во јануарискиот преоден рок да го донесе Оскар и за неговите услуги на Челзи да му плати 62 милиони евра.

Челзи од трансферот на Оскар добро ќе профитира, бидејќи пред четири години за неговото доаѓање на „Стенфорд Бриџ“ плати 23 милиони евра.

Исто така „сините“ ќе го соборат и клупскиот трансфер рекорд, бидејќи најголема аквизиција на клубот досега беше трансферот на Фернандо Торес во 2011 година за 59 милиони фунти.

Рекорд но во кинеската лига ќе собори и Шангај чии тренер е Португалецот Андре Виљас-Боаш. Оскар доаѓа за 62 милиони евра, што е за шест милиони евра повеќе од она што овој клуб му плати на Зенит за трансферот на Хулк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП