21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОПо едно продолжение Феникс беше подобар од Њујорк

По едно продолжение Феникс беше подобар од Њујорк

feniks-ny3

Шест натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата, а најмногу возбудувања понуди натпреварот во Феникс, каде домаќинот по едно продолжение го победи Њујорк 113:111.

Ветеранот Тајсон Чендлер го блокираше О’Квин во последната секунда од продолжениеот и му ја донесе победата на Феникс над Њујорк 113.111. Чендлер постигна 13 поени и забележа наверојатни 23 скокови за Феникс, во чии редови најефикасен беше Ерик Бледсоу со 31 кош.

Њујорк го предводеа Летонецот Кристапс Порзигинс со 34 поени, осум скока и по три блокади и изгубени топки, додека О’Квин оствари дабл-дабл од 22 поени и 14 скокови.

Најголемите фаворити за титулата Кливленд и Голден Стејт славеа нови победи. Кливленд, без Кајри Ирвинг, лесно се справи со Мемфис, каде не играше Марк Гасол, победувајќи со 103:86. Кевин Лав постигна 29 поени, а Леброн Џејмс и Џеј Ар Смит по 23 поени.

Голден Стејт потешко од прогнозите славеше во Њу Орлеанс 103:99. Дрејмонд Грин со првиот сезонски трипл дабал (12 поени, 12 скокови, 10 асистенции) беше предводник на Голден Стејт, каде Стеф Кари постигна 30, а Кевин Дурент 27 поени.

На другите натпревари Орландо славеше во Атланта 130:121, Чикаго загуби од Минесота 94:99, а Портланд ја совлада Оклахома 114:95.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП