26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUniCredit скратува 14.000 работни места и затвора 3.800 филијали

UniCredit скратува 14.000 работни места и затвора 3.800 филијали

un33

Најголемата италијанска банка „UniCredit“ планира да собере 13 милијарди евра и да скрати 14.000 работни места во следните две години, за да ја подобри финансиската положба, пишува „ВВС“.

Банката ја планира најголемата емисија на нови акции во Италија, за да се ослободи од лоши кредити од близу 18 милијарди евра и да го зголеми профитот. Таа смета исто така да затвори една четвртина од своите 3.800 филијали.

Одлуката на „UniCredit“ доаѓа во позадина на обидите на третата по големина банка во Италија „Monte dei Paschi di Siena“ да избегне спасувачка од помош од државата.

Првично цената на акциите на „UniCredit“ чие финансиско здравје е значително полошо од тоа на нејзините европски конкуренти, се намали, по што се зголеми за повеќе од 8% на берзата во Милано.

Но цената на акциите на банката се намали речиси за половина во оваа година и таа ќе се стреми да собере капитал речиси колку пазарната вредност.

Главниот извршен директор на „UniCredit“ Жан-Пјер Монстие изјави дека тоа е „прагматичен план, заснован на конзервативни претпоставки со видливи и остварливи цели“.

„Решителните дејства да се справиме со наследените проблематични кредити, за да ја подобриме и поддржиме идната добивка, за да се претвориме во една од најатрактивните банки во Европа“, рече тој.

Прибирањето на капитал ќе се случи во првите три месеци од новата година, а средствата ќе се користат за елиминирање на лоши долгови од 17,7 милијарди евра. Банката цели коефициентот на вкупната капитална адекватност, основна мерка за финансиското здравје, да е над 12,5% до 2019-та година, а нејзиниот нето профит да достигне 4.7 милијарди евра. Таа се надева дека исто така ќе продолжи исплатата на дивиденди до 2019-та година.

Пократките работни места ќе сочинуваат околу 11% од работната сила на банката. Плановите на „UniCredit“ доаѓаат во момент на промена на владата во Рим по одлуката на премиерот Матео Ренци да ја напушти функцијата, откако загуби на референдумот за уставни промени. Се очекува следната година во земјата да има избори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП