15 мај, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 14.12.2016

Дневен хороскоп 14.12.2016

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Моменталниот застој на работен план ќе биде причина за привремено влегување во слепа улица. Не ќе можете да чекате, сакате брзо да живеете и ќе бидете склони кон авантуристични потези. Можеби ќе добиете понуда за патување во странство, или ќе ве посети некоја личност од далеку.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Се обидувате да ги завршите одамна започнатите работи и ќе успеете во тоа доколку работите напорно и давате се од себе. Бидејќи во семејството ве очекува некоја поголема промена, можеби принова односно се она што вас ви е особено важно, не се оптеретувајте со други непотребни работи односно работи кои само ве заморуваат. Договорете средби со пријателите и нека ве водат само позитивни мисли.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Интересно ви е флертувањето само за проверка на својата умешност. Сватете дека врската во кој се наоѓате можеби е она што го сакате. Ако сте сами ве очекува интересно познанство. Ќе имате среќа во работите во кои ви е ограничен пристапот. Ќе успеете да заработите одлична сума на пари.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ви доаѓа нова енергија која ќе ви помогне во пребродувањето на тешкотиите на кои ќе наидете. Ќе бидете свесни за својата сила и ќе имате волја за да издржите во реализирањето на вашите оргинални идеи иако околината тешко ќе ги прифати.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Размислувате за уметност, филозофија и сите други пријатни работи. Ќе наидете на проблеми и недоразбирање со околината. Превземете нешто поконкретно. Тргнете во акција и заборавете ја мрзливоста. Партнерот ќе ви биде поддршка.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

На работното место од вас ќе се очекува да бидете креативни, при што со задоволство ќе влезете во новата работна обврска. Можно е да почувствувате исцрпеност, но тоа е како резултат на вашите грижи и ангажирања. На емотивен план се оди како што сте замислиле.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Многу ќе бидете задоволни како со деловниот така и со семејниот живот. Обидете се ваквата сосојба да је претворите во трајна. Немојте да се нервирате поради некои ситници. Доколку се оптеретувате и размислувате за лошите колегијални односи само ќе се нервирате, а ништо нема корисно да направите. Уживајте во кругот на семејството.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Повеќето нови познанства кои ќе ги имате денеска, во склоп со вашата природа, склони кон разновидни контакти, ќе ве натераат да ги преиспитате своите досегашни емотивни врска. Некои нови лица веќе на прв поглед ќе ви бидат интересни за остварување на долготрајни односи.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

На работното место ќе затаите, па и резултатите нема да бидат ништо посебно. Ви недостасува енергија, а тоа ќе биде видливо и за околината. Затоа ние ве советуваме да се завртите денеска повеќе кон себе си и на вашите најмили. Повикајте дома друштво или вие однете некаде, не останувајте дома сами.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Убаво разгледајте ја целата ситуација пред изработувањето на планот. Поради денешните должности воопшто ќе немате време за забава. Многу важно во моментот е да соработувате и да ги послушате советите од поискусни луѓе. Некои пари кои сте ги очекувале би требало да пристигнат.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

На работното место ќе се впуштите во ризична инвестиција и покрај некои забрани и предупредувања од соработниците. Размислете тоа може скапо да ве чини. Во поглед на емоциите ќе зрачите со магнетска привлечност. Со неколку вкусно одбрани модни детали ќе ги истакнете своите најубави особини.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Одредени работи никако да тргнат, а вашата кариера има еден неизвесен тек, вас сеуште ви стои некој проект, работа или задача во која секојдневно можете и морате да се докажете. Потрудете се околу тоа. Во љубовта нагласен сексуален апетит, а некои ќе имаат авантура со личност која долго време физички ги привлекува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП