21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОБитка за пласман во полуфиналето: Романија - Данска

Битка за пласман во полуфиналето: Романија – Данска

neagu3300

Репрезентацијата на Норвешка избори пласман во полуфиналето на Европското првенство за ракометарки, додека за второто место во Групата 2, во директен дуел ќе решаваат Романија и Данска. Шансите за пласман во полуфиналето ги загуби олимпискиот првак Русија.

Данска и Русија во најпривлечниот меч, кој се одигра во второто коло во Групата 2, одиграа 26:26. Данките беа во поволна позиција во самиот финиш но не успеаа да победат.

Данска имаше 26:25 и напад на 35 секунди до крајот, но Русинките им ја одзедоа топката и постигнаа гол за израмнување, потоа Данска не реалзиира уште еден напад, а Русија во последните седум секунди не успеа да организира акција.

Ремито на оваа средба е неповолно и за двете селекции, иако Данска остана во игра за втората позиција, која ќе ја освои доколку слави над Романија, додека пак Русинките ги загубија шансите за пласман во полуфиналето.

Јоргесен со седум и Транборг со шест гола ја предводеа Данска, додека кај Русија шест гола постигна Судакова.

Норвешка со победата над Унгарија 24:23 си ја обезбеди првата позиција на табелата. Нора Морк постигна шест гола за Норвешка, а кај Унгарија најефикасни со по пет гола беа Ковач и Горбич.

Кристина Неагу постигна десет гола и ја носеше Романија до триумф над Чешка 30:28. Неагу со 43 гола ја предводи листата на најдобрите стрелци, втора е репрезентативката на Данска Стине Јоргесен со 33 гола.

Кај Романија се истакна и Пинтеа со шест гола, додека најефикасни во чешката селекција беа Лузумова со седум, односно Хрбкова и Кнедликова со по пет гола.

На табелата Норвешка има осум бода, Романија шест, Данска пет, Русија три, Чешка два, а Унгарија е без освоен бод.

Во среда на ЕП завршува втората фаза од натпреварите, на програмата се мечевите од последното коло во двете групи.

Група 1: Шпанија-Холандија, Германија-Шведска, Србија-Франција
Група 2: Унгарија-Русија, Романија-Данска, Норвешка-Чешка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП