20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарјан Вајда повторно тренер на Ѓоковиќ

Марјан Вајда повторно тренер на Ѓоковиќ

11112417465850464f29b7e389892481_w640

Новак Ѓоковиќ нема да ангажира нов тренер, туку од 2017 на местото главен тренер ќе се врати Словакот Марјан Вајда.

Новак Ѓоковиќ самиот стави крај на шпекулациите околу наследникот на Борис Бекер. Негов главен тренер повторно ќе биде Марјан Вајда, кој со српскиот тенисер започна да работи во 2006 година, а пред три години местото му го препушти на Бекер, но не го напушти стручниот штаб на Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ на својот профил на Facebook постави фотографија од Монте Карло на која покрај него се Вајда, Миљан Амановиќ и Гепхард Фил Грич, односно стручниот штаб кој не се менува речиси една деценија. На фотографијата се наоѓа и Пепе Имас, кој беше во центарот на вниманието во изминатиот период.

„Нова година, нови цели, нова енергија! Благодарен сум и им се радувам на предизвиците. Поздрав од тимот на Ѓоковиќ, се гледаме во Доха“, напиша Ѓоковиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП