10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо: Би освоил повеќе „Златни топки“ доколку играв во ист тим со...

Роналдо: Би освоил повеќе „Златни топки“ доколку играв во ист тим со Меси

download-6

Кристијно Роналдо смета дека би освоил повеќе титули за најдобар играч во светот од Лионел Меси, доколку тие двајца би играле во иста екипа. Португалецот во понеделникот по четврти пат во кариерата ја освои „Златната топка“ и сега има еден трофеј помалку од Меси.

„Би било интересно да играме во иста екипа. Мислам дека најдобрите играчи би требало да играат заедно. А доколку би играле во ист тим, мислам дека би освоил повеќе од него, но ниту тој не би бил далеку. Сите знаат дека Меси е фантастичен играч“, рекол Роналдо.

Со оглед на тоа дека сега Меси има една титула повеќе, може да значи дека борбата за „Златната топка“ во 2017 година би била спектакуларна.

„Ќе се обидам да ја освојам. Ќе биде голема борба како и секогаш, но сега мојата цел е да го освојам Светското клупско првенство. Потоа е домашното првенство, односно Ла Лига. Тоа е титулата која Реал најмногу ја посакува. Нормално, доколку е можно и титулите во Лигата на шампионите и Купот на Кралот. Како и секогаш, сакам сé да освојам“, истакнал Роналдо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП