17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈан Облак надвор од терените наредните три месеца

Јан Облак надвор од терените наредните три месеца

oblak

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, поради повреда на рамото ќе мора да оди на операција, поради што ќе отсуствува од тимот најмалку три месеци.

Словенецот се повреди на натпреварот во понеделникот против Виљареал, во финишот на полувремето, кога со лоша интервенција му овозможи на Дос Сантос да го постигне вториот гол.

Облак оваа сезона во Примера остана несовладан на седум од 15-те натпревари, според прогнозите тој поради повредата ќе ги пропушти осминафиналните натпревари со Баер Леверкузен во Лигата на шампионите.

Инаку, Атлетико во првенството победи на само две од последните седум средби поради што на табелата се наоѓа на шестото место со дури 12 бодови помалку од лидерот Реал.

Тимот на Чоло Симеоне во наредното коло ќе го пречека Лас Палмас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП