25 јуни, 2025
ПочетнаАВТОБИЗRenault-Nissan го оживува Mitsubishi Lancer

Renault-Nissan го оживува Mitsubishi Lancer

lancer33999

Последната генерација на еден од најпопуларните јапонски седани – „Mitsubishi Lancer“, се појави пред цели 10 години. Во последно време компанијата-производител се ориентира кон кросовер и модели со повеќе седишта, дури беше објавено официјално дека „Lancer“ ќе отпадне од палетата, а неговото место ќе биде зафатено од хибриден „SUV“.

На крајот, сепак, купувањето на „Mitsubishi Motors“ од Алијансата „Renault-Nissan“ ќе го спаси легендарниот автомобил. Според информации на „Autoevolution“, 11-тата генерација на „Lancer“ веќе се развива активно и би требало да биде целосно подготвена во 2018-та или 2019-та година.

Со цел намалување на трошоците – нешто во кое претседателот на „Renault-Nissan“, Карлос Гон се специјализира, моделот ќе биде изграден на веќе подготвена платформа. Во основата на новиот „Lancer“ ќе биде глобалната шасија „CMF“ која се користи кај „Nissan X-Trail“ и „Renault Kadjar“.

Се очекува моторот на автомобилот исто така да биде позајмен од некој од моделите на „Renault“. Засега конкретни информации за оваа прашање, се уште нема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар