3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГолманот Данило постхумно прогласен за најдобар играч во Бразил

Голманот Данило постхумно прогласен за најдобар играч во Бразил

nintchdbpict000285518227

Најдобар фудбалер во Бразил, во изборот на навивачите е голманот на Шапекоенсе Данило, еден од настраданите во авионската несреќа кај Меделин на 28.ноември.

Голманот постхумно ја доби наградата откако добил 48 отсто од гласовите на навивачите, кои особено ги истакнале неговите брилијантни одбрани на патот до финалето на Копа Судамерикана.

Наградата на свечената церемонија која се одржа во Рио де Жанеиро ја прими мајката на трагично починатиот голман.

„Нека некои нови воини, кои ќе бидат како оние кои нѐ напуштија, дојдат во Шапекоенсе“, рекла госпоѓа Иладес Падиља.

Во авионската несреќа кај Меделин загинаа 18 играчи и тренерот на Шапекоенсе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП