4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПо 800.000 евра за учесниците во Балканската лига

По 800.000 евра за учесниците во Балканската лига

regionalna-liga-1

Извесно е дека фудбалските клубови од поранешна Југославија наскоро повторно ќе играат во иста лига. Фудбалските сојузи на Македонија, Словенија, БиХ, Хрватска, Црна Гора и Србија под патронат на УЕФА договараат формирање на регионална лига, која според најавите ќе започне во 2018 година.

Балканска лига, или како веќе ќе биде наречена, според предлогот на ФФМ кој го образложи Васко Дојчиновски, би требало да брои 24 екипи.

Според тој модел, лигата би започнала есента во 2018 година откако ќе се знае по завршените квалификации кои екипи ќе играат во европските купови, во фазата по групи. Сите клубови во регионот кои нема да минат во Лигата на шампионите или Лига Европа, автоматски би биле префрлени во фазата по групи во регионалното натпреварување односно во шест групи со по четири екипи.

Медиумите во регионот откриваат дека УЕФА за регионалната лига подготвила 20 милиони евра и дека секој клуб со самото учество во неа би добил 800.000 евра.

Покрај тоа ќе биде наградуван пласманот, а клубовите сами ќе ја договараат заработувачката од рекламите и телевизиските права.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП