5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПо 22 години Џон Тери ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“

По 22 години Џон Тери ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“

dzon-teri

Челзи нема да му понуди нов договор на Џон Тери, што значи дека долгогодишниот капитен, по завршувањето на сезоната, по 22 години ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“.

Џон Тери (36) ја одбил богатата понуда на Шангај Шенхуа, во јануари да се пресели во Кина, бидејќи сакал од Челзи да се прости со освоена титула во Премиерлигата.

Англиски Times пишува дека менаџерот Антонио Конте во своите планови нема место за Тери и дека на дефанзивецот му соопштил дека ја игра последната сезона во клубот.

Тери во слична ситуација беше и минатата сезона, тој дури и соопшти дека заминува, но на потоа доби нов едногодишен договор.

Дефанзивецот од млaдинската школа влезе во првиот тим на Челзи во 1998 година, има одиграно 710 натпревари и постигнато 66 голови. Со Челзи освоил четири титули во Премиерлигата, пет трофеи во ФА купот, три во Лига купот и два во Комјунити шилд, односно по една титула во Лига Европа и Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП