7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Златна топка“: Фантастичните 11 со нула гласови

„Златна топка“: Фантастичните 11 со нула гласови

nula-glasovi33

Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, според очекувањата надмоќно ја освои „Златната топка“ за најдобар фудбалер во светот во 2016 година. Во изборот кој го организира France Football учествуваа 173 новинари од целиот свет, а Португалецот доби 745 гласови, втор е Меси со 316 глaсови, а трет Гризман со 198.

Кристијано Роналдо, во понеделникот, ја освои четвртата „Златна топка“ во кариерата и сега има една помалку од најголемиот ривал Лионел Меси. Овие двајца ја имаат освоено секоја „Златна топка“ од 2008 година наваму.

Според гласовите, зад првите тројца се најдоа: Луис Суарез, Нејмар, Герет Бејл, Ријад Марез, Џејми Варди, Џанлуиџи Буфон и Пепе.

Она што е интересно во гласањето е дека дури 11 фудбалери, од номинираните, не добиле ниту еден глас.

Листата ја предводат Серхио Рамос и Андрес Иниеста, а следуваат Серхио Агуеро, Кевин Де Брујне, Паоло Дибала, Диего Годин, Гонсало Игуаин, Коке, Уго Љорис, Томас Милер и Мануел Нојер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП