18 јуни, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 13.12.2016

Дневен хороскоп 13.12.2016

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Бидете искрени и отворени, тоа најмногу ќе ви се исплати, посебно за личен развој и среќа. Не се откажувајте од замисленото, денес имате најголема можност да си ги остварите целите. Не заборавајте на партнерот, посветете му доволно внимание и одлучете се за компромис.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес ќе запознаете многу интересни луѓе кои барем за малку ќе ви го збогатат животот и ќе ве исполнат. Можни се и нови искрени и блиски пријателства. Насочете се кон тоа целосно да ги задоволите потребите на партнерот, пријатно ќе го изненадите, а и самите ќе бидете среќни.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Полни сте со ентузијазам, уживајте во пријатните моменти и целиот ден искористете го за разговори со пријателите и блиските. Не дозволувајте искреноста на партнерот да ве навреди, обидете се да ја разберете и туѓата перспектива, така ќе си го подобрите односот.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Не бидете наивни и не дозволувајте другите да си поигруваат со вашето трпение, бидете смирени и продолжете понатаму со работите кои сте си ги замислиле. Ве очекуваат многу убави љубовни моменти, важно е само да бидете отворени и расположение за експериментирање.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе добивате многу признанија од луѓето околу вас, посебно затоа што сте расположени да помогнете и да бидете поддршка за луѓето околу вас. Не се откажувајте од замисленото, денес никој не може да ве сопре во остварување на љубовните цели и замисли.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес дефинитивно нема да ви биде здодевно, ќе најдете начин како да си креирате илјадници задачи и обврски со кои ќе се занимавате. Внимавајте само, да не го игнорирате партнерот, посветете барем краток дел од вашето внимание и на него.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Обиколени сте со многу топлина од вашите пријатели и најблиските, релаксирајте е и наполнете си ги батериите за да бидете подготвени за обврските од идната работна недела. Еден телефонски повик ќе ви донесе многу позитивни промени на емотивен план, без страв од иднината.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денес сте во одлично расположение, само релаксирајте се и мирно започнете со подготовки за идните успеси во работата. Испланирајте ручек или вечера со пријателите, тоа најмногу ќе ви годи. Ве очекува хармонична атмосфера на љубовен план, не ја расипувајте.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Време е да им покажете на луѓето околу вас за што сè сте способни, бидете креативни и не се откажувајте од целите. Ве очекуваат многу нови позитивни промени, немате причина за страв од иднината. Дајте си одредени ограничувања и ќе успеете да напреднете на љубовен план.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Очекувате да добиете признание од другите, но најважно е истото сами да си го дадете. Не очекувајте некој друг да ви ги заврши обврските. Потпрете се на вашата интуиција на љубовен план, таа дефинитивно нема да ве излаже, туку ќе ви помогне да сфатите одредени работи.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Бидете реалистични и ќе дојдете до работите кои одамна ги посакувате, цврсто држете се до вашите ставови и не се откажувајте. Не се двоумете да му предложите одредени промени на партнерот, само така ќе си го подобрите односот и ќе бидете посреќни во љубовта.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Употребете ја вашата имагинација за да избегате од рутината. Не се обидувајте да се напрегнувате, денес е вашиот ден за одмор и релаксација. Бидете одлучни и цврсти, работите кои ќе ги договорите со партнерот денес, мора да се исполнат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП