18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРома го доби дербито со Милан (видео)

Рома го доби дербито со Милан (видео)

561539778584f1e65577ce787285577_w640

Дербито на „Олимпико“ со кое беше комплетирано 16.коло во Серија А и припадна на Рома, која минимално го совлада Милан. Рома остана на втората позиција на табелата со 35 бодови, четири помалку од лидерот Јувентус и три повеќе од Милан.

Мечот на „Олимпико“ го реши белгискиот репрезентативец Наинголан кој единствениот гол го постигна во 62.минута.

Трагичар на натпреварот е напаѓачот на Милан Нијанг кој во 27.минута не успеа да реализира пенал, односно Шчесни го одбрани неговиот удар.

Рома во наредното коло игра уште едно дерби против Јувентус во Торино, додека Милан ќе ја пречека Аталанта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП