17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВиљареал го декласира Атлетико (видео)

Виљареал го декласира Атлетико (видео)

1004049528584f1c1644cfa008957482_w640

Фудбалерите на Виљареал го декласира Атлетико Мадрид 3:0 во последниот натпревар од 15.коло во Примера. Виљареал со оваа победа се искачи на четвртата позиција на табелата со 26 бодови, додека Атлетико падна на шестото место со бод помалку.

На „Ел Мадригал“, Виљареал во првиот дел немилосрдно ги казни грешките во одбраната на Атлетико. Киксот на Тиаго и Годин го казни Тригерос во 28.минута, а десетина минути подоцна грешката на голманот Облак во гол ја претвори Дос Сантос.

Триумфот на Виљареал го запечати Соријано во 93.минута.

Виљареал со оваа победа ја прекина негативната низа и победи по четири мечеви без триумф, додека Атлетико го забележа третиот пораз, без постигнат гол, на последните четири гостувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП