7 јуни, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧервар го врати Миркуловски, но ги отпиша Ристовски и Јоноски

Червар го врати Миркуловски, но ги отпиша Ристовски и Јоноски

lino-cervar444

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Лино Червар, на подоготвките за Мундијалот во Франција, не ги повика голманот Борко Ристовски и столбот на одбраната Ацо Јоноски, а националниот тим го врати Филип Миркуловски.

Долгогодишните репрезентативци Борко Рисотвски и Ацо Јоноски нема да играат на Светското првенство во Франција, откако селекторот Лино Червар не ги повика на подготвките кои ќе започнат на 20. декември.

Со оваа своја одлука, да не повика двајца долгогодишни репрезентативци, Червар го започна процесот на подмладување на националниот тим.

„Го почитувам Борко, кој зад себе има одлична кариера. Реков дека доколку некој не е во репрезентацијата дека тоа не значи дека тој е лош ракометар. Го видов Ристовски на четири натпревари и сметам дека емоционално е истрошен. Репрезентацијата ќе го менува стилот на игра, често ќе играме ‘седум на шест’, поради што решив дека ова е моментот кога треба да ја направам замената. Оваа одлука не е лична, долго време беше анализирана и јас стојам зад неа“, рече Червар.

Покрај голманот на Барселона, на Мундијалот во Франција нема да патува ниту столбот на одбраната Ацо Јоноски.

„Ќе играме поагресивно во одбраната 3-2-1 или 5-1, каде до израз треба да дојде брзината. Токму промената на играта во одбраната е причината што не го повикав Јоноски. И за него сметам дека и тој е емоционално испразнет“.

Македонскиот селектор успеа во националниот тим да го врати Филип Миркуловски, кој во јуни против Чешка објави крај на репрезентативната кариера. Токму Миркуловски заедно со Дејан Манасков ќе бидат ракометарите, кои поради клупските обврски, последни ќе се приклучат на подготвките.

Лино Червар подготвките ќе ги започне со 28 ракометари, 11 од нив се дебитанти, додека конечниот список на играчи кои ќе настапат во Франција ќе го објави на 8. јануари.

Првата фаза од подогтвките репрезентацијата ќе ја спроведе во Маврово од 20. До 30. декември, а по слободните денови на 31. декември и 1. јануари, од 2. јануари ќе започне втората фаза која ќе се спроведе во Скопје.

Македонија на СП во Франција ќе игра во Ц групата во Мец, а противници ќе и бидат Тунис, Ангола, Словенија, Шпанија и Исланд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП