15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗлатна топка: Роналдо е добитник, но нема да биде присутен на доделувањето

Златна топка: Роналдо е добитник, но нема да биде присутен на доделувањето

roni-ball33

Вечерва во Париз ќе се одржи церемонијата на доделувањето на наградата „Златна топка“ на France Football. Споменатата награда се доделува од 1956 година, а во 2010 година во целатата приказна влезе и ФИФА. Од оваа година France Football и ФИФА повторно се разделија што значи дека повторно два пати ќе се избира најдобар играч во светот.

Доколку не се случи чудо Кристијано Роналдо вечерва во Париз ќе биде прогласен за играч на годината и ќе му припадне наградата „Златна топка“ на France Football, но тој наградата ќе може да ја добие на 19.декември, бидејќи со Реал се наоѓа во Јапонија на Светското клупско првенство.

30-годишниот Португалец оваа година со Реал ја освои Лигата на шампионите, а со Португалија победи на Европското првенство.

Во изборот за фудбалер на годината учествуваат 173 новинари од целиот свет, а конкуренти на Кристијано Роналдо му се Лионел Меси и Антоан Гризман најдобриот играч на Европското првенство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП