16 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПауза од еден натпревар за Мхитаријан

Пауза од еден натпревар за Мхитаријан

mhitarijan-povreda333

Хенрик Мхитаријан не доживеал потешка повреда на натпреварот со Тотенхем, соопшти менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо.

Ерменскиот репрезентативец го постигна единствениот гол во дербито, но поради повреда на носилка беше изнесен од теренот. Според Мурињо повредата не е сериозна и Мхитаријан ќе паузира само еден натпревар.

„Делува дека нема да игра само на првиот нареден меч, во среда против Кристал Палас. Се чини дека повредата не е сериозна, нема потреба од операција или подолга пауза“, рекол Мурињо.

Мхитаријан во летниот преоден рок за речиси 38 милиони евра на „Олд Трафорд“ пристигна од Борусија Дортмунд. Но по доаѓањето имаше проблеми со повредите и формата поради што не играше многу.

Во вистински ритам, Ерменецот, влезе минатиот месец, а изминатата недела постигна два гола, против Зорја во Лига Европа и во Премиерлигата против Тотенхем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП