Екипата на Вилијамс ја одби понудата на Мерцедес за нивниот возач Валтери Ботас, пренесува BBC. Мерцедес бара замена за Нико Розберг, кој по освојувањето на титулата, неочекувано ја заврши кариерата.
Германскиот тим, кој сезонава покрај возачката ја освои и титулата во конкуренција на конструктори, на Вилијамс му го понудил Паскал Верлајн и двојно поефтини мотори, но британскиот тим ја одбил понудата.
Според BBC, од Вилијамс сеуште не го кажале конечното не, но проблемот е што тие не го сакаат Верлајн во тимот бидејќи веќе имаат еден Канаѓанецот Ленс Строл, кој наредната сезона ќе дебитира за Вилијамс.
Од друга страна според британскиот сервис, дел од челниците на Мерцедес ја поддржале одлуката на Луис Хамилтон, партнер наредната сезона да му биде токму Верлајн.
Валтери Ботас минатата сезона ја заврши на осмото место, во конкуренција на возачи, со 85 бодови, додека Верлајн возејќи за Манор освои само еден бод.