4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВестбрук не стигна до рекордниот трипл дабл

Вестбрук не стигна до рекордниот трипл дабл

vest-bruk22

Неверојатната трипл дабл серија на Расел Вестбрук заврши изминатата ноќ, на натпреварот со Бостон. Оклахома славеше над Бостон 99:96, а Вестбрук имаше учинок од 38 поени, 12 скокови и шест асистенции.

Расел Вестбук застана на бројката од седум трипл дабл учиноци во низа, со што го израмни рекордот на Мајкл Џордан од 1989 година.

Оклахома го победи Бостон 99:96, а покрај Вестбрук забележителни улоги во победничкиот тим имаа Стивен Адамс (16 поени, осум скока) и Енес Кантер (14 поени, шест скокови).

Бостон го предводеше Ал Хорфорд со 19 поени.

Резултати: Детроит-Филаделфија 79:97, Минесoта-Голден Стејт 108:116, Оклахома-Бостон 99:96, Феникс-Њу Орлеанс 119:120, ЛА Лејкерс-Њујорк 112:118.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП